Serhat Bağbars
30 Јуни 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Репрезентацијата на Турција за кошаркари во количка, со пбеда во финалето на 23. Европско првенство за кошаркари во количка во шпанскиот Тенерифе со резултат 76:69 против селекцијата на Велика Британија, ја освои титулата првак на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Репрезентацијата на Турција во првата четвртина беше подобра, и славеше со 18:10.
Репрезентацијата на Турција за кошаркарите во колична и во втората четвртина продолжи со подобра игра, па на полувреме отидоа со резултат 36:24.
Турската репрезентација на крајот на третата четвртина имаше предност од 58:49.
Во последната четвртина ја контролираа играта и на крајот успеаја да слават со 76:69 со што ја освоија титулата првак на Европа.