Dejan Maksimoviç
03 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
МАДРИД (АА) - Од клубот Атлетико Мадрид утрово соопштија дека нивниот играч Фернандо Торес, кој синоќа се здоби со повреда на главата, е стабилен и свесен и дека се наоѓа во болница, пренесува Anadolu Agency (AA).
Торес имаше тежок пад по воздушниот дуел со Алекс Бергантињос, во 85 минута оод синоќешната гостинска средба на Ла Лига со Депортиво Ла Коруња.
Врвниот напаѓач денеска ќе помине низ повеќе медицински тестови, но од екипата на Атлетико потврдија дека првите контроли покажале оти нема трауматски промени или повреди.
Од мадридскиот клуб ја пренесуваат изјавата на Торес: „Тоа беше само страв, се надевам дека наскоро ќе се опоравам“.
Во моментот кога Торес по дуелот падна на теренот, играчите од двата тима се стрча кон него за да му помогнат, бидејќи тој ја изгуби свеста, и ја повикаа медицинската служба.
Неколку минути лекарите му укажуваа прва помош, а потоа тој со носилка беше изнесен од теренот и со амбулантно возило префрлен во болница.
По неколкуминутниот прекин натпреварот беше продолжен, а заврши со резултат од 1:1.