Mehmet Fatih Duman
02 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Галатасарај официјално соопшти дека фудбалската ѕвезда Лукас Подолски од овој клуб на крајот на сезоната ќе замине да игра во јапонскиот клуб Висел Кобе, јавува Anadolu Agency (AA).
„Постигнат е договор со клубот Висел Кобе, во врска со трансферот на нашиот професионален фудбалер Лукас Подолски, за сезоната 2016-2017. Според ова, Висел Кобе на нашиот клуб ќе му плати 2 милиона и 600 илјади евра надомест за трансфер“, се вели во соопштението на Галатасарај.
Од друга страна, според соопштеното, во случај Подолски да одигра над 75 отсто од останатите натпревари во сезоната, како и во случај Галатасарај да добие право да учествува во групите на Лигата на шампионите на УЕФА или во квалификациските натпревари, јапонската екипа ќе доплати уште 200.000 евра.