Yunus Kaymaz
12 Јули 2023•Ажурирај: 13 Јули 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од шпанската Прва фудбалска лига, Барселона, го потврди трансферот на Бразилецот Витор Роке, пренесува Анадолу.
Според соопштението на клубот, со 18-годишниот фудбалер, кој го носи дресот на Паранаенсе, е потпишан договор до крајот на 2030-2031 сезона.
Роке во 2024-2025 сезона ќе ѝ се придружи на Барселона.
Инаку, Роке во бразилската Серија А, која ќе заврши во декември, досега одигра 13 натпревари и постигна седум погодоци.