Aldıjana Hadzıc
21 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Дополнителните прегледи покажаа дека играчот на Барселона, Лионел Меси, се здобил со фрактура на коската на десната рака. Тој може да остане надвор од теренот три недели, потврдено е од клубот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иако Барса победи со резултат 4:2 против Севилја на стадионот „Камп Ноу“, клубот вчера доби лоши вести. Капитенот Меси беше заменет во 26. минута по незгодниот пад и повредата на раката.
Доколку се земе предвид дека Аргентинецот вон теренот ќе мине три седмици, тоа значи дека пропушта шест натпревари, против Интер од Милано (24 октомври), Реал Мадрид (28 октомври), Културал Леонеса (31 октомври), Рајо Валекано (3 ноември), повторно против Интер (6 ноември), и против Бетис (11 ноември).
По овие шест натпревари (три во Лигата, две во Лигата на шампиони и една во Копа дел Реј) ќе има пауза за меѓународни натпревари, така што Аргентинецот може да закрепне до натпреварот против Атлетико Мадрид на 24 ноември.