Meryem Göktaş
22 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Финскиот возач на Ферари, Кими Раиконен, победи на трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Осумнаесеттата трка во сезоната на Формула 1 се возеше во Остин, во американската сојузна држава Тексас, на патеката долга 5.513 метри.
Холандскиот возач Макс Ферштапен, кој вози за Ред Бул - ТАГ Хајер ја заврши трката втор, додека Британецот Луис Хамилтон, кој вози за тимот на Мерцедес беше трет.
Ривалот на Хамилтон, Германецот Себастијан Фетел, од тимот на Ферари беше четврти во трката.
Деветнаесеттата трка од сезоната, за Големата награда на Мексико, ќе се одржи на 28 октомври.
- Првите 10 возачи во трката за Големата награда на САД:
1. Кими Раиконен (Ферари)
2. Макс Ферштапен (Ред Бул - ТАГ Хајер)
3. Луис Хамилтон (Мерцедес)
4. Себастијан Фетел (Ферари)
5. Валтери Ботас (Мерцедес)
6. Нико Хулкенберг (Рено)
7. Карлос Саинз (Рено)
8. Естебан Окон (Расинг Поинт Форс Индија)
9. Кевин Магнусен (Хаас-Ферари)
10. Серхио Перез (Расинг Поинт Форс Индија)
- Листа на возачи:
1. Луис Хамилтон (Велика Британија): 346 бода
2. Себастијан Фетел (Германија): 276
3. Кими Раиконен (Финска): 221
4. Валтери Ботас (Финска): 217
5. Макс Ферштапен (Холандија): 191
- Листа на конструктори:
1. Мерцедес: 563 бода
2. Ферари: 497
3. Ред Бул: 337
4. Рено: 106
5. Хаас: 86