Dejan Maksimoviç
20 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
ЛОНДОН (АА) – Сеп Блатер (79), суспендираниот претседател на Светската фудбалска федерација(ФИФА) во разговор за (ФИФА) во разговор за британскиот "The Times“ истакна дека изборот на Катар за домаќинот на Мундијалот 2022 година, не е наместено и купено. Таквите наводи ги отфрли со реченицата "Не можете да купите Светско првенство", јавува Аnadolu Agency (AA).
Блатер, кој неодамна доби осумгодишна забрана на обавување на било која функција во фудбалот од Етичкиот комитет на ФИФА, уверен е дека ќе ја докаже својата невиност, како и дека неговата жалба на одлуката ќе вроди со плод.
"Сигурен сум дека ќе има правда на овој свет и дека ќе докажам дека не направив ништо што има врска со криминалните работи", рече Блатер.
ФИФА новиот претседател ќе о избере на вонреден конгрес на 26 февраури во Цирих. Блатер претходно во мај успеа да се избори за својот пети мандат, но потоа е суспендиран на осум години поради "неисправна уплата" на два милиони швајцарски франци на сметката на Мишел Платини, кој исто така е суспендиран претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Блатер тврди дека поранешниот француски претседател Никола Саркози бараше од Платини да не гласа за САД да бидат домаќини на Светскиот куп 2022 година.
"Не можете да купите Светско првенство, тоа на крај оди на поголемо политичко влијание. За 2022 година. Платини имаше пристојност да ме повика и да ми каже: Сега имавме состанок со претседателот на државата и ако тој од мене бара да ја подржам Франција за било што јас тоа ќе го направам. Додаде дека неговиот глас нема да биде за Американците", раскажа Блатер.
Блатер на почетокот на оваа недела се врати во седиштето на ФИФА за да ја искаже својата жалба на одлуката на Етичкиот комитет, кој се надева дека неговата казна ќе ја зголеми на доживотна забрана.
"Не убив никого, не ограбив банка, не земав пари од никој, дури и сите мои поранешни девојки за мене имаат убаво мислење. Тоа е вистината. Тие ме бранат. Со една од нив бев во брак само неколку месеци, но и таа нависта ме брани" , изјави Блатер.
Принцот Али бин ал-Хусеин, шеикот Салман бин Ебрахим ал-Калифа, Џиани Инфантино, Токио Сексвал и Жером Шампањ се кандидатите за наследникот на Блатер на изборите за претседател на 26 февруари.