Bakir Tiro
26 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ЦИРИХ (АА) - Изборната комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска ги потврди петте кандидати од кои еден во февруари ќе стане претседател на ФИФА.
Во последниот круг од изборите за претседател на Светската фудбалска асоцијација влегоа принцот Али Бин Ал Хусеин, Шеик Салман бин Ебрахим Ал Калифа, Џани Инфантино, Токио Сексвале и Жером Шампањ, стои во соопштението на ФИФА.
Одлуката за нов претседател на ФИФА, односно наследник на суспендираниот Јозеф Сеп Блатер, ќе биде донесена со тајно гласање на вонредниот конгрес на ФИФА на 26-ти февруари.
„Изборната комисија официјално го призна и прогласи кандидатури, кои ги исполнуваат условите за избор на претседател на ФИФА на претстојниот вонреден конгрес”, пишува во писмото испратено до 209 национални асоцијации на ФИФА.