Dejan Maksimoviç
02 Ноември 2018•Ажурирај: 03 Ноември 2018
СИДНЕЈ (AA) - Некогаш најдобриот светски спринтер Усеин Болт го напушти фудбалскиот клуб Централ коуст маринерс (Central Coast Mariners), во кој помина осум недели на проба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Легендарниот јамајкански спринтер му се придружи на австралискиот клуб во август, со намера да се избори за прв професионален договор во фудбалската кариера, на која ѝ се сврте по завршувањето на атлетската 2017 година. Тој имаше задоволителни резултати на подготовките, но од австралискиот клуб соопштија дека не е пронајдено соодветно „комерцијално решение“ Болт да остане во клубот.
Минатата недела од австралискиот клуб објавија дека подготвиле предлог-договор поделен на два сегмента „спортски“ и „комерцијален“. Меѓутоа, додадоа дека склучувањето на договорот зависи од третата страна.
„И покрај состаноците со неколку потенцијални партнери, договор не е постигнат“, истакнаа во денешното соопштение.
Болт и понатаму ги држи светските рекорди на 100 (9,58 секунди) и 200 метри (19,19). Во текот на феноменалната атлетска кариера освои дури 8 златни олимписки медали и 11 најсилни одликувања на светските првенства.