Fatih Erel
21 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
ЛОНДОН (AA) – Британскиот атлетичар Нигел Левин е суспендиран на четири години поради позитивен тест на допинг, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британската антидопинг организација соопшти дека олимпиецот и освојувач на европското првенство, Левин, бил позитивен на тест кој е извршен врз база на примероци на крвта земени на 24 ноември минатата година.
„Атлетичарот Левин беше позитивен на забранетата супстанција кленбутерол, анаболички агенс“, се наведува во соопштението.
На Левин и во декември минатата година му е изречена привремена суспензија.