Mutlu Demirtaştan
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа 9 натпревари од 6. коло на УЕФА Лигата на нации. Македонија, со победата од 4:0 над Гибралтар успеа да се избори за пласман во Лигата Ц, пишува Anadolu Agency (AA).
Според новиот систем на натпреварување, синоќа се одиграа 9 натпревари од 6. коло на Лигата на нации во лигите А, Б, Ц и Д. По Португалија, Англија и Швајцарија, Холандија е последната репрезентација што се пласираше во полуфиналето на турнирот.
Во Групата 1 на Лигата А, Холандија одигра нерешено против домаќинот Германија, со резултат 2:2. Со оваа победа, Холандија собра 7 поени, и заземајќи го првото место во групата пред Франција, се пласираше во полуфиналето на ова натпреварување.
Во последниот натпревар од Групата 1 на Лигата Б, Чешка ја совлада Словачка, со резултат 1:0. Украина претходно се избори за пласман во Лигата А, додека по поразот од Чешка, Словачка падна во Лигата Ц.
Данска, која претходно го загарантира пласманот во Лигата А, во рамките на Групата 4 на Лигата Б, на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Република Ирска. Натпреварот заврши 0:0, а Република Ирска падна во Лигата Ц.
Норвешка во Групата 3 на Лигата Ц, како гостин ја совлада репрезентацијата на Кипар (грчки дел), со 0:2, и собирајќи 13 бода, го зазеде првото место во групата и се избори за пласман во Лигата Б. Во истата група, Бугарија на гостински терен одигра нерешено против Словенија, со резултат 1:1. Словенија, по овој нерешен резултат падна во Лигата Д.
Во Групата 1 на Лигата Д, Грузија на свој терен го совлада Казахстан со 2:1 и со 16 поени се пласираше во Лигата Ц. Македонија, со победата од 4:0 над Гибралтар собра 15 поени и како лидер во групата се пласираше во Лигата Ц.
За вечерва се закажани 7 натпревари од 6. коло на УЕФА Лигата на нации, со што ќе заврши натпреварувањето по групи.
- Резултати:
Лига А
Група 1: Германија - Холандија 2:2
Лига Б
Група 1: Чешка - Словачка 1:0
Група 4: Данска - Република Ирска 0:0
Лига Ц
Група 3: Кипар (грчки дел) - Норвешка 0:2
Бугарија - Словенија 1:1
Лига Д
Група 1: Грузија - Казахстан 2:1
Андора - Летонија 0:0
Група 4: Македонија - Гибралтар 4:0
Лихтенштајн - Ерменија 2:2
- Вечерва се среќаваат:
Лига А
Група 3: Португалија - Полска
Лига Б
Група 2: Шведска - Русија
Лига Ц
Група 1: Шкотска - Израел
Група 4: Србија - Литванија
Црна Гора - Романија
Лига Д
Група 3: Косово - Азербејџан
Малта - Фарски Острови