Elvır Hodzıc
15 Август 2020•Ажурирај: 15 Август 2020
САРАЕВО
Поранешниот српски кошаркарски ас и истакнат спортски работник Владе Дивац поднесе осавка на функцината генерален менаџер на НБА тимот на Сакраменто Кингс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Веста за оставката е потврдена и на официјалната интернет станица на тимот од Сакраменто кој 14 сезона по ред не избори пласман во плеј-офот на НБА лигата.
„Ми беше чест и привилегија да работам како генерален менаџер. Сакам да се заблагодарам на можноста и неверојатните колеги со кои имав задоволство да соработувам во текот на својот мандат. Сакраменто и Кингсите секогаш ќе имаат посебно место во моето срце и им посакувам се најубаво во иднина", порача Дивац.
На оваа функција, Дивац привремено ќе го заменик досегашниот советник Џое Думарс.
Ова беше тешка одлука, но веруваме дека ова е најдобар пат да направиме победнички тим кој нашите навивачи го заслужуваат", порача сопственикот на франшизата Вивек Ранадив.
Дивац во Сакраменто дојде во 2015 година како советник и набргу стана потпретседател на кошаркарските операции и генерален менаџер.