Mutlu Demirtaştan
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Шефот на стручниот штаб на Ливерпул Јурген Клоп избран е за најдобар тренер во изминатата сезона во англиската Премиер лига, јавува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на премиер лигата на официјалната интернет страница соопшти дека најдобриот тренер на сезоната го бираше жири составен од навивачи и фудбалски експерти.
Клоп во изминатата сезона со Ливерпул освои 99 бодови и ја освои титулата првак на Англија на која славниот клуб чекаше три полни децении.
Како прв германски тренер кој е прогласен за најдобар во Премиер лигата, Клоп зад себе го остави Франк Лампард (Челзи), Брендан Роџерс (Лестер Сити) и Крис Вилдерс (Шефилд Јунајтед).