Derya Gülnaz Özcan
05 Октомври 2021•Ажурирај: 06 Октомври 2021
АТИНА
Грчкиот фудбалер Никос Цуманис (31) пронајден е мртов во автомобил во Атина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грчката државна новинска агенција АМНА, соопшти дека според првичните информации смртта настанала со задушување.
Форензичката анализа продолжува за да се утврди точната причина за смртта.
Цуманис играше за Македоникос со кој во текот на летото потпиша договор.