Furkan Naci Top
30 август 2016•Ажурирај: 31 август 2016
АТИНА (АА) - Со преминот на 462 мигранти од Турција кон Грција во еден ден, забележан е најбројниот премин на бегалци во последните пет месеци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според денешните податоци на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНЦХР), во текот на вчерашниот ден, на островите во Грција преминале 462 мигранти, од кои 176 на островот Лезбос, 128 на островот Кос, 88 на островот Хиос и 70 на островот Родос.
Со последните преминувања, бројот на мигранти што мигрирале во месец август ја надмина бројката од 3.000 лица, што претставува зголемување за повеќе од 50 отсто во однос на минатиот месец. Се истакува дека оваа бројка е за 97 отсто помала во однос на месец август минатата година.
Во рамките на договорот за мигранти меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ), бројот на мигранти што преминале на островите во Грција ја надмина бројката од 12.000 лица. Капацитетот на приемните центри на островите изнесува 7.450 лица.
На територијата на Грција се наоѓаат вкупно 60.000 баратели на азил и мигранти.