Oktaj Omeragikj
24 Ноември 2020•Ажурирај: 25 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во рамките на натпреварите од групната фаза, денес и утре се играат натпреварите од 4. коло во УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Денес започнува 4. коло во УЕФА Лигата на шампиони со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х.
По поразот во Лајпциг, фудбалерите на ПСЖ ќе бидат под голем притисок да извојуваат победа на домашен терен. Евентуалната победа на ПСЖ му оди во прилог на Манчестер Јунајтед, кој го дели првото место во групата Х со Лајпциг, со кого имаат по 6 бода. И Манчестер Јунајтед, по поразот од Истанбул Башакшехир во 3. коло во Истанбул, го пречекува денес турскиот претставник на домашен терен.
Динамо Киев ѝ е домаќин на Барселона, која е во мала криза и се наоѓа на 13. место во шпанската Ла лига, но е лидер во групата Г со максимален учинок во ЛШ од 3 победи на 3 натпревари.
Утре на програмата се натпреварите во групите А, Б, Ц и Д. Групата Б, во која партиципираат екипите на Борусија М., Шахтјор, Реал Мадрид и Интер, е една од најнеизвесните гледајќи на бодовното салдо на тимовите. Во ова коло Интер го пречекува Реал Мадрид, Баерн Минхен му е домаќин на Салцбург, а Манчестер Сити му гостува на Олимпијакос.
Вечерва на програмата се натпреварите:
18:55 Краснодар - Севиља
18:55 Рен - Челзи
21:00 Лацио - Зенит
21:00 Борусија Дортмунд - Клуб Бриж
21:00 Динамо Киев - Барселона
21:00 Јувентус - Ференцварош
21:00 Манчестер Јунајтед - Истанбул Башакшехир
21:00 ПСЖ - РБ Лајпциг.
Утре на програмата се натпреварите:
18:55 Борусија Менхенгладбах - Шахтјор
18:55 Олимпијакос - Манчестер Сити
21:00 Баерн Минхен - Салцбург
21:00 Атлетико Мадрид - Локомотива Москва
21:00 Интер - Реал Мадрид
21:00 Олимпик Марсеј - Порто
21:00 Ливерпул - Аталанта
21:00 Ајакс - Мидтјиланд.