Doğa Kırmızıoğlu
30 Септември 2020•Ажурирај: 01 Октомври 2020
АНКАРА
По реванш-средбите од плејофот, познати се 3 екипи што се пласираа во групната фаза на УЕФА Лигата на шампиони во сезоната 2020/21, известува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа три реванш-средби од плејофот на Лигата на шампиони, најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Европа.
Динамо Киев, Ференцварош и Олимпијакос по синоќешните плејоф-средби изборија пласман во групната фаза на Лигата на шампиони.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Динамо Киев - Гент 3:0 (2:1)
Ференцварош - Молде 0:0 (3:3)
Омонија - Олимпијакос 0:0 (0:2).
Денес на програмата со почеток во 21:00 часот ќе се одиграат преостанатите 3 натпревари од плејофот на УЕФА Лигата на шампиони:
ПАОК - Краснодар (1:2)
Салцбург - Макаби Тел Авив (2:1)
Мидтјиланд - Славија Прага (0:0)