Elvir Hociç
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
САРАЈЕВО (АА) - Кошарарот на НБА тимот "Dallas Mavericks" , Дирк Новицки објави дека ја прекинува репрезентативната кариера во дресот на националниот тим на Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
"Последниот натпревар на ЕУО- 2015 беше мојот последен натпревар за германската репрезентација" изјави 37 годишниот Новицки за германскиот лист "Билд" а изјавада дојде само неколку дена откако Германија не го доби домаќинството за квалификациски турнир за олимписките игри во Бразил.
Тој по последниот одигран натпревар и поразите од Шпанија на Евробаскетот минатата година најави повлекување од репрезентацијата, но остави можност сепак поново да го облече дресот на Германија Денешната изјава, без оглед колку беше очекувана, секако ќе ги растажи навивачите на Германија.
Новицки во минатите 19 години во дресот на германската репрезентација настапи вкупно 153 пати и даде вкупно 3.045 кошеви.
Со Германија освои бронзен медал на СП 2002 година, во САД и беше вице-првак на Европа 2005 година во Србија, а знамето на Германија го носеше на отворањето на Олимписките игри во Пекинг.