Emre Doğan
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Германскиот кошаркар Дирк Новицки (39) го продолжи договорот за две години со НБА тимот на Далас Маверикс, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од клубот потврдија дека е обновен договорот со Новицки, но не се наведени детали за новиот договор.
Американските медиуми наведуваат дека Новицки го стави својот потпис на двегодишниот договор во вредност од 10 милиони долари.
Тој во последните 19 сезони го носи дресот на Далас Маверикс, со кој во 2011 година беше шампион. За оваа екипа Новицки има постигнато 30.260 поени.
Популарниот „Капетан Дирк“ со еден тим на НБА одигра 1.394 натпревари, а неговиот просечен резултат по натпревар е 21,7 поени, 7,8 скока и 2,5 асистенции.