Oktaj Omeragikj
21 Јуни 2021•Ажурирај: 21 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Денеска се играат шетири натпревари во рамките на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните натпревари од групната фаза на ЕВРО 2020 денес се играат по два натпревари во групата Б и во групата Ц.
- Група Ц
Бидејќи станува збор за последните средби по групи, натпреварите ќе се играат во ист термин.
Денес во групата Ц со почеток во 18:00 часот се среќаваат Северна Македонија - Холандија и Украина - Австрија.
Репрезентацијата на Холандија со две победи во групата е сигурен патник во осминафиналето на ЕВРО 2020 во кое ќе се пласираат двете првопласирани репрезентации по групите и четири третопласирани репрезентации кои имаат најдобар перформанс на ова првенство.
Репрезентацијата на Северна Македонија која за првпат учествува на едно Европско првенство, против Холандија има одиграно 4 натпревари. Репрезентацијата на Холандија има извојувано 2 победи, а 2 средби завршија без победник.
Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Јохан Кројф арена“ во Амстердам.
Во вториот натпревар од групата Ц се среќаваат репрезентациите на Украина и Австрија. Овие две репрезентации досега се имаат сретнато само двапати. И двете двете имаат извојувано по една победа. Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Национална арена“ во Букурешт, главниот град на Романија.
- Група Б
Со почеток во 21:00 часот вечерва се играат последните натпревари од групата Б. Се среќаваат Финска - Белгија и Русија - Данска.
Репрезентациите на Финска и Белгија досега имаат одиграно 11 меѓусебни дуели. Финска извојувала победа на 4 средби, 4 натпревари заврпиле нерешено, а на 3 натпревари победила Белгија. Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Санкт Петербург“ во истоимениот град, Русија.
Во вториот дуел во оваа група се среќават Русија и Данска. Овие две репрезентации меѓусебно имаат одиграно само еден натпревар на кој победи Русија. Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Паркен“ во Копенхаген, Данска.
- Италија го совлада Велс, Турција загуби од Швајцарија
Вчера се одигра два натпревари во групата А. Во последните натпревари од оваа група се сретнаа Италија - Велс и Швајцарија - Турција. И двата натпревари започнаа во 18:00 часот.
Репрезентацијата на Италија го совлада Велс со 1:0. Единствениот погодок го постигна Матео Песина во 39 минута од натпреварот. Итан Ампаду, играчот на Велс во 55 минута од натпреварот заработи црвен картон и го напушти теренот оставјќи ги своите соиграчи со еден фудбалер помалку до крајот на средбата. Натпреварот се одигра на стадионот „Олимпико“ во Рим.
Во вториот дуел што се одигра синоќа играа Швајцарија и Турција. Репрезентацијата на Швајцарија ја совлада Турција со резутлат 3:1. Головите за Швајцарија ги постигнаа Харис Сеферовиќ во 6. минута и Џердан Шаќири во 26 и 68 минута. Единствениот гол за Турција го постигна Ирфан Кахвеџи во 62 минута. Натпреварот се одигра на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан.
Табела на група А
| Репрезентација | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Гол разлика | Бодови |
| Италија | 3 | 3 | 0 | 0 | 7 | 9 |
| Велс | 3 | 1 | 1 | 1 | 1 | 4 |
| Швајцарија | 3 | 1 | 1 | 1 | -1 | 4 |
| Турција | 3 | 0 | 0 | 3 | -7 | 0 |