Doga Kirmizioglu
11 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Утре ќе се одиграат 9 натпревари од три групи, во рамките на четвртата недела од европските квалификации за Светското првенство 2018, јавува Anadolu Agency (AA).
Утре ќе се одиграат девет натпревари од групата Д, Г и И. Со тоа, ќе бидат познати 13-те европски екипи што ќе учествуват во Светското првенство 2018, кое ќе се одржи во Русија.
Hационалната репрезентација на Турција игра во групата И. Таа во 18.00 часот ќе ја пречека репрезентацијата на Косово на стадиумот во Анталија. Натпреварот од истата група, меѓу Хрватска и Исланд, ќе се одигра во истото време, а пак во 20.45 часот, Украина ќе биде домаќин на натпреварот со Финска.
Поради безбедносни мерки, натпреварот меѓу Албанија и Израел нема да се одигра во Скадар, на стадиумот „Лоро Боричи“, туку на „Елбасан арена“ во Елбасан. Овој натпревар ќе го води германскиот судија со турско потекло, Дениз Ајтекин.