ИСТАНБУЛ (АА) – Во најголемите пет европски фудбалски држави, Германија (Бундеслига), Франција (Лига 1), Англија (Премиер лига), Шпанија (Ла Лига) и Италија (Серија А), врвот од листата на фудбалери со најголем број постигнати погодоци го сочинуваат странци.
Во Франција тоа е Уругваецот Единсон Кавани, во Италија тоа се Аргентинецот Мауро Икарди и репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко. Во Германија води Пиер/Емерик Обамејанг од Габон и Французинот Антони Модест, во Шпанија лидери на листата се Аргентинецот Лионел Меси и Уругваецот Луиз Суарез, додека во Англија води Шпанецот Диего Коста.
Во Шпанија водат Меси и Суарез
По 11. коло од шпанската фудбалска Ла Лига, Меси и Суарез, двајцата играчи на Барселона, зад себе ги оставија своите противници на листата на фудбалери со најголем број погодоци.
Оваа сезона, Меси одигра 9 натпревари и заедно со минатогодишниот голгетер од шпанското првенство, Суарез, постигнаа по 8 погодоци.
Во Ла Лигата има само еден шпански фудбалер на листата на голгетери што успеа да постигне до 7 гола. Тоа е играчот на Целта Виго, Јаго Аспас, кој се наоѓа на третето место на листата зад Меси и Суарез.
Икарди и Џеко најпрецизни во Италија
Капитенот на Интер, Икарди и искусниот голгетер на Рома, Џеко, по 12. недела од Серија А во Италија се наоѓаат на лидерската позиција.
Двајцата играчи што ги одиграа сите овогодишни натпревари во Серија А постигнаа по 10 погодоци.
Зад нив се наоѓа играчот на Лацио, Италијанецот Чиро Имобиле, со 9 погодоци. Потоа следат Египќанецот од редовите на Рома, Мухамед Салах и Италијанецот Андреа Белоти, со по 8 погодоци.
Минатогодишниот добитник на наградата за најголем број погодоци (36) во Серија А, од редовите на Јувентус, Аргентинецот Гонсало Игуаин, оваа година во редовите на Наполи постигна 7 погодоци.
Во Франција, време на Кавани
Откако од редовите на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) си замина минатогодишниот голгетер на француското првенство, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, оваа година на позицијата центарфор во ПСЖ игра Уругваецот Кавани, кој стана клучна фигура во клубот.
По 12. коло од француската Лига 1, Уругваецот Кавани кој одигра 11 натпревари, постигна исто толку погодоци, со што го даде својот голем придонес за клубот така што оваа година постигна 24 погодоци.
Изненадување од Модест во Германија
Антони Модест во редовите на Келн ја игра својата најдобра сезона во кариерата, и по 10. коло од Бундес лигата, тој се наоѓа на врвот на листата на голгетери.
На листата со по 11 постигнати голови се наоѓаат Французинот Модест, кој овие погодоци ги постигна во 10 одиграни натпревари, додека фудбалерот од Борусија Дортмунд, Аубамејанг од Габон истиот резултат го постигна на одиграни 9 натпревари.
По овие двајца фудбалери, следат минатогодишниот голегетер на германското првенство, фудбалерот на Баерн Минхен, Полјакот Роберт Левандоски, со 7 погодоци, и фубалерот од Босна и Херцеговина во редовите на Херта од Берлин, Ведат Ибишевиќ, со 6 постигнати погодоци.
Во Англија лидер е Коста
Шпанскиот фудбалер од редовите на Челзи, Диего Коста, во Премиер лигата одигра 11 натпревари и постигна 9 погодоци.
Играчот на Манчестер Сити, Аргентинецот Серхио Агуеро е на втората позиција, со 8 погодоци, додека Белгијците Ромелу Лукаку од Евертон и Еден Азар од Челзи постигнаа по 7 погодоци.
news_share_descriptionsubscription_contact
