Barış Seçkin
12 Јули 2021•Ажурирај: 13 Јули 2021
РИМ
Фудбалерите на Италија се вратија утринава во Рим со пехарот што синоќа го освоија во финалето на Европското првенство што го играа против Англија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Финалето се играше на „Вембли“ а по ремито 1:1, Италијанците ја освоија титулата прваци на Европа со подоброто изведување пенали (3:2).
Италија на тој начин ја освои втората титула континентален шампион, а фудбалерите и стручниот штаб пристигнаа утрово од Лондон во Рим со авионот „Алиталија“.
Поголема група навивачи ги пречекаа европските шампиони пред хотелот „Парко дел Принципи“. Еуфоријата го достигна врвот кога капитенот Џорџо Келини излезе од автобусот со чаша и носеше круна на главата.
Италијанските фудбалери ќе се одморат во хотел, а попладне ќе им бидат организирани официјални приеми од страна на претседателот Серџо Матарела и премиерот Марио Драги.