Hüseyin Burak Demirer
08 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Клубот од француската Прва фудбалска лига (Ligue 1), Париз Сен Жермен (PSG), соопшти дека е потпишан договор со одбранбениот играч на Реал Мадрид, Серхио Рамос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рамос 16 години го носеше дресот на Реал Мадрид, додека од сезоната 2015/2016 беше капитен на шпанскиот клуб.
Договорот на Рамос со Реал Мадрид заврши на 30 јуни.
Според соопштението на ПСЖ, потпишан е двегодишен договор со 35-годишниот фудбалер.
Инаку, Рамос во 2005 година беше трансфериран од Севиља во Реал Мадрид, додека со дресот на овој клуб освои повеќе шампионати на различни турнири, како во Шпанската лига, Лигата на шампионите на УЕФА, Супер купот на Шпанија, шпанскиот Кралски куп, Супер купот на УЕФА и други турнири.
Рамос со дресот на шпанската репрезентација одигра во 180 натпревари.