Süha Gür,Ercan Doğan
23 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски клуб Фенербахче објави дека младиот интернационалец на Северна Македонија, Елиф Елмас, по завршувањето на процедурата за трансфер во Италија, ќе потпише договор со италијанскиот клуб Наполи, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалскиот клуб Фенербахче објави дека Елиф Елмас за 16 милиони евра преминал во редовите на италијанскиот фудбалски клуб Наполи.
Дополнително, во зависност од перформансот на Елмас и спортските резултати на Наполи, италијанската екипа постепено, на Фенербахче ќе му исплати најмногу 1,5 милиони евра.
Доколку во иднина Елмас премине од Наполи во друг фудбалски клуб, тогаш Фенербахче ќе има можност од вредноста на трансферот да добие дополнителни максимални 1,5 милиони евра.
Клубот објави соопштение во кое му се заблагодарува на Елмас.
„Му се заблагодаруваме на Елмас за сиот негов придонес што го даде за клубот, како играч кој на млади години играше за Фенербахче, и благодарение на потенцијалот што го поседува и неговите симпатии кон клубот со успех го носеше амблемот на клубот. Му посакуваме иднина исполнета со успех. Веруваме дека Елмас во новиот клуб на најдобар начин ќе се претстави себеси и Фенербахче како негов поранешен матичен клуб.“
- „Со желби да засјаеш и таму каде што заминуваш!“
Покрај тоа, Фенербахче преку својот профил на социјалните мрежи напиша: „Со желби да засјаеш и таму каде што заминуваш!“