07 Јули 2019•Ажурирај: 09 Јули 2019
ЛОНДОН (АА) - Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо одби договор од 100 милиони евра кој му го понудил кинескиот клуб Гвангжу Евергранде, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пишува „Скај спортс“, Португалецот со тоа ја отфрли можноста да стане најплатениот менаџер на сите времиња.
Кинескиот клуб на поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед наводно бил подготвен да му исплати 31,2 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Британските медиуми пренесуваат дека португалскиот тренер исто така ја одбил можноста и за преземање на кинеската фудбалска репрезентација.
Мурињо во април е виден со Хуи Ка Јан, најбогатиот Кинез, со кого наводно разговарал за можноста за преземање на Гвангжу Евергранде и кинеската фудбалска репрезентација.
Весникот „Телеграф“ пишува дека Хуи силно верува дека токму Мурињо би можел да организира одлична репрезентација која би успеала да се пласира на некое од двете следни големи натпреварувања.
Португалецот во повеќе наврати истакна дека кариерата сака да ја продолжи во некој од европските клубови, со кој би настојувал да го освои својот трет трофеј во Лигата на шампиони, односно деветтиот во домашното првенство.
Португалскиот сручњак е без клуб откако на почетокот од годината доби отказ во Манчестер Јунајтед.
Во досегашната кариера беше тренер на Бенфика, Униао Леириа, Порто, Челзи, Интер Милан, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.