Hasan Esen
07 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
МАДРИД (АА) - Тренерот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, воведе нови правила за играчите, меѓу кои е и забраната за употребата на мобилните телефони за време на оброците, јавува Anadolu Agency (AA).
Во шпанската репрезентација, тренерот Енрике воведе измени, како на теренот, така и надвор од него. Енрике, кој во новиот состав на репрезентацијата не вклучи некои од поранешните играчи, како што се Жорди Алба од Барселона и Коке од Атлетико Мадрид, донесе нови правила во однесувањето на играчите, со цел репрезентацијата да ја врати на старите патишта на успехот.
Според веста објавена во шпанскиот печат, Енрике, како прво на играчите им забранил да ги користат мобилните телефони за време на оброците. Тој го укина и слободното време по тренинзите и ги предуреди репрезентативците да не претеруваат со играње карти и видеоигри.
Друго воведено правило е дека фудбалерите повеќе нема да можат да се среќаваат со членовите на своите семејства меѓу натпреварите.
Репрезентативецот Иско, истакнувајќи дека не се жали на новововедените правила, изјави: „Секогаш е добро постоење на дисциплинираност.“ Иско, кој на забраната за користење мобилни телефони за време на оброците, гледа позитивно, рече: „Во поголемиот дел од времето, наместо да воспоставиме врска со колегите од репрезентацијата и да разговараме меѓусебно, се фокусираме на уредите.“
Шпанската репрезентација в сабота ќе игра против Англија.