Emrah Oktay
01 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
ТОКИО
Германскиот тенисер Александар Зверев во машка поединечна конкуренција се закити со златниот медал на Олимписките игри во Токио 2020, известува Агенција Анадолија (АА).
Во машкото тениско финале, што се играше на теренот Ариаке, Зверев, петтиот светски тениски рекет, играше против Русинот Карен Хачанов, 25-тиот на светската АТП-листа.
Германскиот тенисер прикажа врвна игра уште од самиот почеток и со резултат 2:0 (6:3 и 6:1 по сетови) го совлада Хачанов.
Со оваа победа Зверев го освои златниот олимписки медал, Хачанов е освојувач на сребрениот медал, а бронзениот медал му припадна на Шпанецот Пабло Карено-Буста, кој во саботата го совлада светскиот рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ со 2:1 (6:4, 6:7 и 6:3 по сетови).