Kemal Zorlak
01 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Шведскиот репрезентативец и член на фудбалскиот првак Парис Сен Жермен (ПСЖ) Златан Ибрахимовиќ за премин во Премиер лигата бара седмична заработка од 600.000 фунти (750 илјади евра) пренесува Anadolu Agency (AA).
На шведскиот репрезентативец со босанско-херцеговски корени Златан Ибрахимовиќ (34) оваа лето му истекува договорот со францускиот првак ПСЖ.
Неименуван функционер на еден англиски клуб, кој е заинтересиран за Ибрахимовиќ, изјави дека навистина би сакале да го видат Ибрахимовиќ во своите редови, но тоа што тој го бара е "луда цифра" ,пишува "Daily Mail".
"Разбираме дека неговиот трансфер би бил одличен потег, но дали навистина тој вреди за тие пари и тоа со 34 години" ,се запраша функционерот на англискиот клуб.
Дека Ибрахимовиќ од Англичаните бара многу покажува и фактот дека играчот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни, кој е најплатениот фудбалер на лигата, седмично заработува по 328 илјади евра.
Популарниот Ибра исто така има понуди од Кина, каде му нудат 1,25 милиони евра неделно, но изгледа дека кариерата не сака да ја продолжи во Далекиот Истик .
Менаџерот на Ибрахимовиќ Мино Раиола вчера изјави дека сите големи клубови од Англија го бараа Ибрахимовиќ во своите редови, освен Манчестер Сити, како и дека има понуди од Кина, Италија и САД.