Admir Fazlagic
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија вечерва го претрпе и третиот пораз во низа, овојпат на домашен терен од Бугарија со 0-2, јавува Anadolu Agency (AA).
Прв се закани Агим Ибраими со шут од дваесет метри, Божидар Митрев за малку ќе ја испуштеше топката, но сепак успеа да ја спаси пред да ја мине гол-линијата.
Во 65. минута Бугарите изведоа противнапад, на левата страна задоцни Кире Ристевски, топката Ивелин Попов малку и среќно ја префрли со петица на спротивната страна, каде Димитар Рангелов одлично се снајде и со удар со глава ја затресе мрежата на Димитриевски.
По ова повторно следеа обиди на Македонија да постигне гол и да стигне до израмнување, Ангеловски направи неколку промени, во игра влегоа Алими, Костовски, Несторовски за да внесат освежување, меѓутоа нашата репрезентација сепак не успеа да создаде стопроцентна шанса пред бугарскиот голман Божидар Митрев.
Во 87. минута уште една акција на бугарската репрезентација нововлезениот Александар Тонев, непречен ја погоди мрежата на Димитриевски и со тоа стави крај на дилемите и ги постави конечните 0-2.