Ercan Çakar
16 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Хрватскиот фудбалски експерт Игор Тудор потпиша едногодишен договор и така формално стана новиот шеф на стручниот штаб на истанбулскиот Галатасарај, јавува Anadolu Agency (AA).
Свечено потпушување на договорот и претставување на Тудор како шеф на стручниот штаб на Галатасараје приредено е денеска во салонот на стадионот на „Турк телеком Арената".
Претседателот на Галатасарај Дурсун Озбек во таа прилика изјави дека раководството на клубот одлучило да ја раскине соработката со досегашниот тренер од Холандија Јан Олд Реикеринк, а дека по разгледување на повеќе опции, Игор Тудор е избран како нов човек со кој Галатасарај сака да освојува трофеи.
„Тудор од вчера е и официјално нашиот шеф на стручниот штаб. Му посакувам многу успех со екипата. Уверен сум дека ќе придонесе за доброто на клубот", рече Озбек.
Досегашниот тренер на турскиот клуб Кардемир Карабукспор, Игор Тудор, рече дека му е чест да води голем клуб каков што е Галатасарај и додаде дека дошол за да работи напорно и да биде успешен.
Целта на сите нас во клубот е што подобро да го презентираме Галатасарај и да остваруваме успеси. Уште еднаш му се заблагодарувам на претседателот на клубот на укажаната доверба. Единствена желба и целта ни е Галатасарај да биде што поуспешен", порача Тудор.