Can Erözden
05 Август 2022•Ажурирај: 09 Август 2022
АНКАРА (АА) - Капитенот на Челси, Цезар Азпиликуета, ја посвети својата иднина на англискиот премиерлигаш, продолжувајќи го својот договор за уште две сезони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Цезар Азпиликуета потпиша нов договор со Челси, продолжувајќи ја неговата веќе една деценија долга кариера со „сините“ за уште најмалку две години“, истакна Челси преку соопштение.
Азпиликуета (32) пристигна во „Стемфорд Бриџ“ во 2012 година од францускиот Олимпик Марсеј.
„Јас сум навистина среќен што го продолжувам мојот престој во Челси, мојот дом. Речиси 10 години поминаа откако првин пристигнав и му се приклучив на клубот и навистина ја чувствувам љубовта и сум возбуден за новиот проект кој го имаме во нашите раце.“
„Јас сум многу горд капитен и се надевам дека ќе можеме да делиме многу убави спомени заедно“, рече Азпиликуета.
Во текот на неговиот престој во лондонскиот клуб, Азпиликуета ја свои англиската Премиер лига и УЕФА Лига Европа двапати и обезбеди трофеј во УЕФА Лигата на шампиони, Светското клупско првенство на ФИФА, англискиот ФА куп и англискиот Лига куп.
Има постигнато 17 гола и 55 асистенции во 476 натпревари за Челси, а исто така, ја претставувал Шпанија на 40 натпревари.