Dejan Maksimoviç
14 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
МИНХЕН (АА) - Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, по синоќешниот триумф во Минхен против Баерн беше особено среќен, бидејќи смета дека со пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампиони неговиот клуб дефинитивно се вратил во европската елита, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со два гола на Садио Мане и со еден на Вирџил ван Дајк, Ливерпул славеше со 3:1, што по 0:0 на „Енфилд" им беше доволно за премин понатаму. Единствен гол за Баерн постигна Жоел Матип, кој ја затресе сопствената мрежа.
„Второто полувреме го одигравме многу зрело. Во моментот кога почнавме да го играме фудбалот веднаш ја уништивме организацијата на Баерн. Тоа беше апсолутно заслужена победа“, изјави Клоп.
Минатогодишниот финалист на Лигата на шампиони во четвртфиналето го чека тежок противник, бидејќи во играта за трофеј остана одбрано друштво. Но, Клоп не е загрижен за името на наредниот ривал.
„Кој и да го добиеме за противник, тоа ќе го прифатиме. Фубдлерите го сакаат овој натпревар, навистина уживаат во тие моменти. Нашиот став беше извонреден. Три офанзивни играчи беа прекрасни, а играчите кои доаѓаа од втор план ни помогнаа многу. Против Баерн грбот на Ливерпул го вративме во друштвото од највисоко ниво на европскиот фудбал“, истакна германскиот тренер.
Освен Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампиони се пласираа уште три англиски клубови: Манчестер Јунајтед, Тотенхем Хотспур и Манчестер Сири. Освен нив, тука се и Барселона, Јувентус, Ајакс и Порто.
Ждребката на парови во четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампиони ќе се одржи утре во Нион со почеток во 12 часот.
Првиот натпревар на четвртфиналето ќе се одрига на 9 и 10 април, а реваншите седум дена подоцна.
Финалето на овасезонското издание ќе се игра на 1 јуни на стадионот Ванда Метрополитано во Мадрид.