Dejan Maksimovic
15 Јули 2017•Ажурирај: 16 Јули 2017
РИМ (АА) - Фудбалскиот клуб Ливерпул му даде дозвола на Лукас Леива да може да преговара со Лацио, откако двата клуба се договорија за трансфер во вредност од 5,5 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Леива е играч со најдолг стаж во сегашниот состав на Ливерпул, за кој одигра дури 346 натпревари. Во синоќешниот пријателски натпревар кој „црвените“ го играа со Виган, Леива не беше дел од составот.
Бразилскиот фудбалер треба да пристигне во Рим како замена за Лукас Биглија, кој утрово отиде во Милано на медицински прегледи, по што ќе потпише договор со „росонерите“. Лацио за Биглија ќе добие надомест од 17 милиони евра, плус три милиони бонус.