Hülya A. Gündüzalp
02 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
АНКАРА (АА) – Фудбалерот Стивен Џерард (35) за англиските медиуми изјави дека планира неколку работи во врска со неговата иднина. "Јас не сум 100 проценти сигурен, но како играч ова ќе биде мојата последна година", изјави легендата на Ливерпул, јавува Anadolu Agency (AA).
Џерард истакна дека често разговaра со тренерот на Ливерпул, Јурген Клоп.
"Клубот е заинтересиран за да се вратам. Јас сум фан на Ливерпул и имаам добри односи со Фудбалската Федераација на Англија. Ако се вратам во мојата куќа јас ќе работaм со стручни тимови", рече тој.
Џерард исто така кажа дека негова главна цел e по завршувањето на сезоната во САД да стане тренер.
Легендата на англискиот фудбал, Џерард прв пат заигра за Ливерпул во 1998 година, кога стана еден од симболите на клубот каде што тој одигра 710 натпревари и освои 10 купови, додека за националниот тим одигра 114 натпревари.