Hüseyin Burak Demirer
12 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа натпреварите од последното 6. коло во групите А, Б, Ц и Д на Лигата на шампиони. Најголемо внимание привлекоа дуелите Барселона - Тотенхем и Ливерпул - Наполи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во групата А, Клуб Бриж одигра нерешено 0 : 0 против Атлетико Мадрид, кој претходно го имаше обебедено пласманот во осминафиналето на Лигата на шампиони. Клуб Бриж како третопласирана во групата ќе продолжи да се натпреварува во Лига Европа.
Во вториот натпревар од оваа група, Борусија Дортмунд како гостин го совлада Монако со резултат 0 : 2 и го освои првото место во групата и се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампиони.
Во рамките на групата Б, Барселона пред домашните навивачи одигра нерешено 1 : 1 против Тотенхем, додека Интер ремизираше 1 : 1 на домашен терен против ПСВ. Во групата Б, Барселона го освои првото место, Тотенхем е второпласиран и овие две екипи изборија пласман во наредната фаза на ова натпреварување. Интер како третопласирана екипа, натпреварувањето ќе го продолжи во Лига Европа.
Во групата Ц, Ливерпул како домаќин го совлада Наполи со 1 : 0, додека во вториот натпревар од групата, ПСЖ извојува убедлива победа од 1 : 4 над Црвена ѕвезда. ПСЖ како првопласиран и Ливерпул како второпласиран изборија пласман во осминафиналето на Лигата на шампиони. Наполи кој до ова коло се наоѓаше на лидерската позиија во групата, освојувајќи го третото место ќе продолжи да се натпреварува во Лига Европа.
Во групата Д, натпреварите се одиграа во 18:55 часот. Галатасарај како домаќин загуби со резултат 2 : 3 од Порто. Во вториот натпревар Шалке 04, го совлада рускиот претставник Локомотив Москва со резултат 1 : 0. Порто како првопласиран и Борусија како второпласирана обезбедија пласман во наредната фаза од ова натпреварување, додека Галатасарај и покрај поразот од Порто, ќе продолжи да се натпреварува во Лига Европа.
Пред одигрувањето на последното 6. коло, пласман во осминафиналето на Лигата на шампиони обезбедија и Ајакс, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Рома.
Денеска на програмата се следните дуели:
18:55 П’лзењ - Рома
18:55 Реал Мадрид - ЦСКА Москва
21:00 Ајакс - Баерн Минхен
21:00 Бенфика - АЕК Атина
21:00 Манчестер сити - Хофенхајм
21:00 Шахтјор - Лион
21:00 Валенсија - Манчестер јунајтед
21:00 Јанг бојс - Јувентус