Bilal Acar
12 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
ЛОНДОН
Во 35. коло од англиската Премиер лига, Тотенхем на свој терен победи против Арсенал со резултат 2-1, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лондонското дерби се одигра на стадионот „Тотенхем Хотспур".
Во првото полувреме на мечот, односно во 16. минута Арсенал постигна предност со погодокот на Александар Лаказет.
Три минути по овој гол, односно во 19. минута домаќинот Тотенхем го израмни резултатот со погодокот на Сон Хеунг-мин.
Првото полувреме заврши со нерешен резултат 1-1.
Во второто полувреме, односно во 81. минута, Тоби Алдервирелд успеа да го затресе голот на гостинскиот клуб Арсенал.
Мечот заврши со победата на Тотенхем против Арсенал со резултат 2-1.
Со ова, Тотенхем има 52 бодови во табелата, додека Арсенал има 50 бодови.