Dejan Maksimovic
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
СПИЛБЕРГ
Британецот Луис Хамилтон во својот болид Мерцедес славеше на денешната трка за Големата награда на Штајерска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во втората трка од сезоната, која е возена на истата патека „Спилберг" како и прва за Големата награда на Австрија, Хамилтон беше супериорен. Откако доминираше во вчерашните квалификации Британецот денес беше одличен и стигна до првата овосезонска победа.
Зад себе го остави тимскиот колега Валтери Батас, кој беше поспор за 13,719 секунди. Третото место му припадна на Макс Вертсапен од РБ Расинг, кој од победникот беше поспор 33,698 секунди. Двоецот Себастијан Фетел и Шарл Леклер истапдна од трката по ударот во првиот круг.
Во вкупниот распоред на возачите води Ботас со 43 бодови, а го следат Хамилтон со 37. Во распоредот на конструктори убедлив лидер е Мерцедес со 80 бодови.
Наредната трка на шампионатот Формула 1 ќе се вози на 19 јули за Големата награда на Унгарија на патеката „Хунгароринг".