Bedrudin Brlyavac
25 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
ЛОНДОН (АА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ, на церемонијата во Лондон е избран за најдобар фудбалер на светот во 2018 година според ФИФА, јавува Anadolu Agency (AA).
На Модриќ наградата му ја врачи првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Во конкуренција за наградата за најдобар фудбалер на светот во 2018 година беа уште и Кристијано Роналдо и Мухамед Салах.
Наградата за најдобар голман на годината му припадна на Белгиецот Тибо Куртоа, голманот на Реал Мадрид.
Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидје Дешам, е избран за најдобар тренер на годината, а наградата му ја врачи Арсен Венгер.
Наградата за најдобар тренер/ка на женска екипа ја доби тренерот на Лион, Рејналд Педрос, додека наградата за фудбалерка на годината ја доби Бразилката Марта.
За најдобра екипа во 2018 година избрани се Давид де Хеа, Дани Алвес, Марсело, Рафаел Варан, Серхио Рамос, Лука Модриќ, Нголо Канте, Еден Азар, Лео Меси, Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо.
Наградата „Ференц Пушкаш“ му припадна на фудбалерот на Ливерпул, Мухамед Салах, за најдобар гол на годината што го постина против Евертон.
Наградата за најдобри навивачи им припадна на навивачите на Перу, додека Ленарт Тај доби награда за фер-плеј на годината.