Admir Fazlagic
10 Октомври 2016•Ажурирај: 10 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во рамките од третото коло од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2018 кое ќе се одржи во Русија, вечерва на националната арена „Филип II" се одигра натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Италија, каде што победи гостинската репрезентација, со резултат 2:3, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првиот дел од натпреварот македонската репрезентација имаше негатива од еден гол, кој во 24 минута го постигна Андреа Белоти, a во понатамошниот дел од натпреварот успеа да дојде до водство. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во 57.минута во соло акција се реши на удар од 20 метри и ја затресе мрежата на Италија.
А само две минути подоцна, Ферхан Хасани од работ на шеснаесетникот упати удар кој на репрезентацијата на Македонија и донесе водство од 2-1. Во 75. минута италијанскиот репрезентативец Чиро Имобиле со својот постигнат гол израмни за 2:2, а само после неколку минути, истиот играч, Имобиле, успева да постигне гол во самата завршница на натпреварот, со што и донесе победа на репрезентацијата на Италија, поставувајќи го конечниот резултат со 2:3.
- Резултати од другите натпревари од 3. коло од квалификациите за Светското првенство 2018
Вечерва ширум Европа се одиграни натпреварите од третото коло во рамките на квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија, во трите групи „Д", „Г" и „И".
Фудбалерите на Србија на белградскиот стадион Рајко Митиќ ја дочекаа Австрија, а на натпреварот во рамките на групата „Д" завршен е со победа на Србија , со резултат 3:2.
Во истата група Ирска на гости ја совлада Молдавија со резултат 3:1 Во групата „И", Исланд на домашен терен со резултат од 2:0 ја победи Турција. На натпреварите кои се одиграа претходно, во терминот од 18 часот, во рамките на квалификациите за СП 2018, немаше изненадувања. Фудбалерите на Хрватска славеа во Финска со минимална победа од 1:0, додека селекцијата на Косово е поразена од Украина на гости, 3:0, во средбата од третото коло во групата „И".
Во групата „Д", Велс дома играше нерешено против Грузија. Додека во рамките на групата „Г", Израел со резултат од 2:1 го совлада Лихтенштајн.
Во понеделник на програмата се следните девет натпревари од третото коло од квалификациите за СП 2018: група „А": Холандија-Франција, Шведска-Бугарија и Белорусија-Луксембург, група „Б": Андора-Швајцарија, Латвија-Унгарија, Фарски Острови-Португалија, група „Х": БиХ-Кипар, Естонија-Грција и Гибратлар-Белгија. Сите натпревари ќе се играат од 20:45 часот.