Doga Kirmizioglu
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - На германскиот возач на Формула 1 кој настапува во болидот на Мерцедес, Нико Розберг му припадна првата позиција на утрешната 17-та трка, која ќе се вози во Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На патеката Сузука во истоимениот јапонскиот град денес се возеше за позиција, а на 5807 метри долгата стаза Розберг имаше најбрзо време, проследен од Луис Хамилтон, исто така од Мерцедес.
Розберг постигна време од 1.30.647, а како втор утре ќе стартува актуелниот шампион на Формула 1, Луис Хамилтон, која денес постигнато време од 1.30.660.
Третото стартно време во Јапонија му припадна на финскиот пилот во болидот на Ферари, Кими Раиконен кој постигна време од 1.30.949.
Вака изгледа распоредот и времето на денешната трка за "пол" позиција:
1 Нико Розберг (Мерцедес): 1.30.647
2 Луис Хамилтон (Мерцедес): 1.30.660
3 Кими Раиконен (Ферари): 1.30.949
4 Себастијан Фетел (Ферари): 1.31.028
5 Макс Ферштапен (Ред Бул - TAG Heuer): 1.31.178
6 Даниел Рикардо (Ред Бул - TAG Heuer): 1.31.240
7. Серхио Перез (Форс Индија - Мерцедес): 1.31.961
8 Роман Грожан (Haas - Ферари): 1.31.961
9 Нико Хелкенберг (Форс Индија - Мерцедес): 1.32.142
10 Естебан Гутиерез (Haas - Ферари): 1.32.547