Ercan Çakar
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски клуб „Фенербахче“ потпиша договор со мексиканскиот одбранбен играч Диего Рејес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, 26-годишниот одбранбен играч на церемонија на стадионот од овој клуб, потпиша договор со „Фенербахче“. Во соопштението не се дадени детали околу времетраењето на договорот.
По здравствените контроли, Рејес позираше пред камерите со дресот на новиот клуб.
Диего Рејес претходно го носеше дресот на португалскиот клуб „Порто“, и на шпанските клубови „Реал сосиедад“ и „Еспањол“.