Dejan Maksimoviç
21 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
РИМ (АА) - Ако Милан не успее да го донесе Пјер Емерик Обамејанг, тогаш според италијанските медиуми, нивната прва цел како засилување во нападот за следната сезона ќе биде босанскиот репрезентативец Един Џеко, најдобриот стрелец на Рома оваа сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
Винченцо Монтела, тренерот на Милан, вчера имаше тричасовна средба со новите директори Масимилиjано Mирабели и со Марк Фасоне, кои ги презедоа функциите по преземањето на клубот од страна на кинескиот инвеститор Јонгхонг Ли.
Тема на состанокот на прво место беше пронаоѓањето на нов напаѓач кој би го заменил Карлос Бака. Неколку извори истакнаа дека првата желба на „росонерите“ е тоа да биде Обамејанг, играч од Борусија Дортмунд, бидејќи неговата кариера започна во младинскиот погон во Милано.
Меѓутоа, ако овој план не се реализира, медиумите наведуваат дека на тоа место ќе биде побаран Џеко, кој има одлична сезона во Рим и конечно се приспособи во серијата А. Во моментов, тој со 25 гола го дели првото место во листата на стрелците, а во 46 натпревари оваа сезона постигна вкупно 35 гола.
Од друга страна, Рома очајно сака да продаде некоја од своите најголеми ѕвезди за да ги балансира своите финансиски книги, а Џеко би можел да биде идеално решение доколку постигнат цена од најмалку 18 милиони евра за него.