Zülfiya Yakup
20 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
ПРИШТИНА (AA) – Најдобрата косовска и светска џудистка Мајлинда Келменди денеска ја освои третата европска титула во категоријата до 52 килограми, додека Нора Ѓакова беше трета во категоријата до 57 килограми на Европското првенство во џудо, кое се одржува во Полска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Честитки веднаш упатија највисоките косовски функционери. Претседателот на Косово Хашим Тачи на Фејсбук профилот напиша дека Мајлинда Келмени и останатите џудисти продолжуваат на Косово да му донесуваат добри вести, голема раст и моменти на гордост.
И премиерот на Косово Иса Мустафа преку социјалните мрежи напиша дека освоените титули на Мајлинда и Нора на Европското првенство го враќаат Косово на врвот на европскиот спорт.
Со официјално соопштение, министерот на култура, млади и спорт Кујтим Шала и честиташе на Мајлинда Келменди и Нора Ѓакова и истакна дека нивните успеси се пример за другите спортисти како треба да се работи за да се постигне успех.
Тој, исто така, истакна дека успехоѕ на косовските џудистки претставува модел за џудистите од другите држави доколку сакаат да постигнат успеси на меѓународната спортска арена.
„Резултатите кои ги постигнаа и ги постигнуваат нашите џудистики ги надминуваат границите на успехот во областа на спортот. Тоа слободно може да се смет како успех на нашата држава", рече министерот Шала.
На основа на правилникот за наградување на врвните спортски резултати на меѓународните натпреварувања, Мајлинда Келменди ќе биде наградена со 20 илјади евра, Нора Ѓакова со 8 илјади, а нивниот тренер Дритон Кука со 14 илјади евра.
МКОС во февруари оваа година потпиша договор за изградба на Националната палата за џудо во Пеќ, родниот град на Мајлинда и Дритон, и за таа цел се наменети 1,5 милиони евра.
Мајлинда Келменди минатата година на Олимписките игри во Бразил освои злато и така влезе во историја како прва освојувачка на олимписки медал за Косово.