Aida Cako
21 Мај 2025•Ажурирај: 23 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) – Навивачите на англиските клубови Тотенхем и Манчестер Јунајтед се собраа во Билбао, Шпанија, за да дадат поддршка на своите тимови пред финалето на УЕФА Лига Европа што ќе се одигра на стадионот „Сан Мамес“, јавува Анадолу.
Улиците околу стадионот беа преполни со фанови кои носеа облека во боите на клубовите, мавтаа со знамиња и пееја навивачки песни.
Атмосферата беше исполнета со возбуда и исчекување за натпреварот меѓу двата англиски клуба.
На стадионот „Сан Мамес“ во шпанскиот град Билбао денес ќе биде одиграно првото од трите финалиња на клупските натпреварувања под покровителство на асоцијацијата на УЕФА.
За титулата најдобар во Лига Европа се борат двајца англиски претставници, Манчестер Јунајтед и Тотенхем Хотспур.
Тоа ќе биде голем предизвик за тимовите по многу лошата сезона во англиската Премиер лига, а тимот што ќе го освои купот следната година ќе игра во Лига на шампионите.