Mutlu Demirtaştan
17 Февруари 2019•Ажурирај: 18 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) – Во вториот ден од НБА Ол-стар викендот, во американскиот град Шарлот се одржа натпреварот во забивање. Во ова натпреварување победи играчот на Оклахома Сити Тандер, Хамиду Диало, јавува Anadolu Agency (AA).
На натпреварот во забивање што се одржа во спортската сала „Спектрум центар“ на НБА екипата Шарлот Хорнетс, учествуваа Хамиду Диало од Оклахома Сити Тандер, Мајлс Бриџис од Шарлот Хорнетс, Џон Колинс од Атланта Хоукс и Денис Смит Џуниор од Њујорк Никс.
Во првиот круг на натпреварувањето, Бриџис и Колинс беа елиминирани, а во финалето се сретнаа Хамиду Диало и Денис Смит Џуниор.
Во финалните две забивања Диало освои вкупно 88 поени (43 за првиот и 45 за вториот), пред Смит Џуниот, кој освои 85 поени (35 и 50) и стана шампион во забивање.
- Во натпреварот за тројки победи Харис -
Синоќа се одржа и натпревар во удари за 3 поени, а најдобар беше кошаркарот на Бруклин Нетс, Џо Харис.
Во финалето на натпреварувањето во удари за три поени учествуваа Џо Харис од Бруклин Нетс, Стефен Кари од Голден Стејт Вориорс и Бади Хилд од Сакраменто Кингс.
Во финалниот круг Кари постигна 24 поени, Хилд 19, а шампионската титула во удари за три поени ја понесе Харис со постигнати 26 поени.
- Во натпреварот на таленти, најдобар Татум -
Џејсон Татум од Бостон Селтикс беше победник во натпреварот на таленти кој се одржа во почетокот на втората вечер на Ол-стар викендот.
Во финалниот круг Татум го совлада Тре Јанг, плејмекерот на Атланта Хоукс, и стана победник во натпреварот на таленти.
За вечерва, последниот ден од НБА Ол-стар викендот е закажана средбата меѓу тимовите што ги избраа ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и ѕвездата на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо. 68. Ол-стар натпревар на американската Национална кошаркарската лига НБА е закажана за 2 часот по полноќ.