Mutlu Demirtaştan
06 Јануари 2019•Ажурирај: 07 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во американската национална кошаркарска лига (НБА), тимот на Голден Стејт Вориорс како гостин успеа да го совлада Сакраменто Кингс, со 123:127. На средбата е урнат рекордот на НБА во постигнати погодоци за 3 поени на еден натпревар, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 8 натпревари од НБА. Последниот шампион, Вориорс, со 21 погодок од 47 обиди и Кингс со 20 погодоци од 36 обиди, со вкупно 41 погодок за 3 поени, успеаја да постават нов рекорд во НБА. Досегашниот рекорд беше постигнат на натпреварот меѓу Кливленд Кавалирс и Минесота Тимберволвс, одигран во февруари 2018 година, на кој беа постигнати 40 погодоци за 3 поени.
Во редовите на Вориорс, Стефен Кари со постигнати 42 поени, 5 скока, 2 асистенции и 2 украдени топки и Кевин Дурант со 29 поени, 9 асистенции, 5 скока и 2 блокади, беа најзаслужни за 26. победа на Голден Стејт сезонава.
Во редовите на Кинг, кој го доживеа својот 20. пораз сезонава, четврти едноподруго, најпрецизни беа Бади Хилд со 32 поени, 5 скока и 4 асистенции, Џастин Џексон со 28 поени, 5 скока и Богдан Богдановиќ со 17 поени, 7 асистенции и 6 скока.
- Бакси на домашен терен совладан од Репторс -
Дерби на колото беше средбата меѓу првопласираната и второпласираната екипа од Источната конференција. Лидерот Милвоки Бакс на домашен терен загуби од Торонто Репторс, со резултат 116:123.
Најпрецизни во редовите на Репторс, кој е на втората позиција во Источната конференција, беа Кавај Леонард со 30 поени, 6 скока, 6 асистенции и 5 украдени топки и Паскал Сајакем со 30 поени, 4 скока и 3 асистенции, давајќи голем удел во 29. победа на својот клуб сезонава.
Јанис Адетокунбо со дабл-дабл од 43 поени, 18 скока и 4 асистенции не успеа да го спречи 11. пораз на Бакс.
Голем пораз претрпе екипата на Кливленд Кавалирс на домашен терен. Њу Орлеанс Пеликанс, како гостин успеа да победи со 98:133, нанесувајќи му го на Кливленд 32. пораз сезонава, кој се наоѓа на дното од табелата во Источната конференција.
Филаделфија Севентисиксерс како домаќин го совлада Далас Маверикс со 106:100, со што дојде до својата 26. победа сезонава.
За вечер се закажани 7 натпревари во НБА-лигата.
- Резултати:
Денвер Нагетс - Шарлот Хорнетс 123:110
Детроит Пистонс - Јута Џез 105:110
Филаделфија Севентисиксерс - Далас Маверикс 106:100
Кливленд Кавалирс - Њу Орлеанс Пеликанс 98:133
Милвоки Бакс - Торонто Репторс 116:123
Сан Антониот Спарс - Мемфис Гризлис 108:88
Портланд Трејлблејзерс - Хјустон Рокетс 110:101
Сакраменто Кингс - Голден Стејт Вориорс 123:127
- Вечерва ќе се одиграат натпреварите:
Минесота Тимберволвс - Лос Анџелес Лејкерс
Чикаго Булс - Бруклин Нетс
Лос Анџелес клиперс - Орландо Меџик
Атланта Хоукс - Мајами Хит
Оклахома Сити Тандер - Вашингтон Визардс
Торонто Рапторс - Индијана Пејсерс
Феникс Санс - Шарлот Хорнетс