Mutlu Demirtaştan
13 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа со победите во полуфиналето од плејофот на американската Национална кошаркарска лига НБА, и резултат од 4 : 3 во меѓусебните дуели, Торонто Репторс и Портланд Треил Блејзерс се пласираа во финалето на конференциите, пишува Anadolu Agency (AA).
Синоќа во рамките на полуфиналето на плејофот во НБА се одигра 7-мата одлучувачка средба меѓу Торонто Репторс - Филаделфија Севентисиксерс (3:3) и Денвер Нагетс - Портланд Треил Блејзерс (3:3).
Торонто на домашен терен го пречека тимот на Филаделфија. Оваа решавачка средба за пласман во финалето на Источната конференција ја извојува со погодокот на Кавај Леонард во последната секунда од натпреварот. Репторс победи со резултат 92:90, вкупно 4:3 во меѓусебните дуели и во финалето на Источната конференција ќе игра против Милвоки Бакс.

На оваа средба Леонард постигна 41 поен, 8 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки. Одлична игра во редовите на домаќинот прикажаа Серж Ибака со 17 поени и 8 скока и Паскал Сајакем со дабл-дабл учинок од 11 поени и 11 скока.
Во редовите на Филаделфија најпрецизни беа Џоел Ембид со дабл-дабл учинок од 21 поен и 11 скока, Џеј Џеј Редик со 17 поени и 4 скока и Џими Батлер со 16 поени и 4 скока, но тоа не беше доволно за пласман во финалето на Источната конференција.
- Треил Блејзерс во финалето на Западната конференција -
Во последниот 7-ми натпревар од полуфиналето на плејофот во Западната конференција, екипата на Денвер Нагетс на домашен терен го пречека тимот на Портланд Треил Блејзерс. Гостите извојуваа победа од 96:100 и со севкупна победа од 3:4 во меѓусебните дуели се пласираа во финалето на Западната конференција, каде што ќе играат против Голден Стејт Вориорс.
Во Треил Блејзерс најдобри поединци беа Си Џеј Маколум со 39 поени и 9 скока, Иван Тарнер со 14 поени и 7 скока и Дејмијан Лилард со дабл-дабл од 13 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Во редовите на Нагетс најпрецизен беше Никола Јокиќ со дабл-дабл учинок од 29 поени и 13 скока, Џамал Мареј со 17 поени и 6 скока и Гери Херис со 15 поени и 6 скока.
Првата средба од финалето во Западната конференција меѓу Голден Стејт Вориорс и Портланд Треил Блејзерс ќе се одигра на 15 мај во раните утрински часови.
Во Источната конференција, првата средба е закажана во раните утрински часови на 16 мај. Милвоки Бакс на домашен терен ќе го пречека тимот на Торонто Репторс.
Победник на конференциското финале ќе биде екипата која прва ќе извојува 4 победи, со што истовремено остварува пласман во големото финале на НБА.