Doga Kirmizioglu
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Утрово се одигра последниот, 7. натпревар во Западната конфедерација од Американската кошаркарска лига (НБА) меѓу Хјустон Рокетс и Голден Стејт Вориорс. Вориорс беше поуспешен и со победата од 101:92 стана шампион на Западната конференција и избори пласман во финалето на НБА, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Западната конференција утрово се одигра решавачкиот 7. натпревар за пласман во финалето на НБА, меѓу домаќинот Хјустон Рокетс и Голден Стејт Вориорс.
Започнувајќи го натпреварот со добра одбрана, Рокетс првата четвртина ја заврши со резултат 24:19. Во продолжетокот на натпреварот, Рокетс продолжи со добрата игра и на полувреме замина со предност од 11 поени разлика и водство од 54:43.
Во второто полувреме Вориорс ја презеде контролата над играта и третата четвртина ја заврши со предност 76:69. Голден Стејт Вориорс не му дозволи на Хјустон да се врати во игра и на крајот извојува победа од 101:92 за шампион на Западната конференција и пласман во финалето на НБА.
Во финалето на НБА, Голден Стејт Вориорс ќе игра против Кливленд Кавалирс.
Во редовите на Вориорс, најзаслужни за победата се Кевин Дурант со 34 поени, 5 скока и 5 асистенции, Стефан Кари со дабл-дабл учинок од 27 поени, 10 асистенции, 9 скока и 4 украдени топки, Клеј Томпсон со 19 поени и Дејмон Грин со дабл-дабл учинок од 10 поени и 13 скока.
Крис Пол поради повреда не го носеше дресот на Рокетс. Најефикасни во редовите на Хјустон Рокетс беа Џејмс Харден со 32 поени, 6 асистенции, 6 скока и 4 украдени топки, Ерик Гордон со 23 поени и 6 асистенции, Клинт Капела со 20 поени и 9 скока и Пи Џеј Такер со дабл-дабл учинок од 14 поени и 12 скока.
Кливлен Кавалирс и Голден Стејт Вориорс четврти пат едноподруго ќе се сретнат во финалето на НБА. Првиот финален натпревар во серијата од четири победи ќе се одигра на 1 јуни. Вориорс на домашен терен го пречекува Кавалирс.