Alma Çekovic
21 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
ПАРИЗ (АА) - Sвездата на Париз Сен Жермен (ПСЖ), Нејмар, по убедливата победа на неговиот нов клуб над Тулуз (6:2), го одвлече вниманието на неговите поранешни работодавци во Барселона, истакнувајќи дека каталонскиот клуб има потреба од промени во врвот за повторно да стане конкурентен, пренесува Anadolu Agency (AA).
По победата на средбата од третото коло на француското фудбалско првенство во Тулуз, каде што постигна два гола, Нејмар зборуваше за ситуацијата во Барселона и за управниот одбор на каталонскиот клуб.
„Кога пристигнав, сè беше како што треба, а потоа ... во Барселона има директори кои не треба да бидат таму. Многу сум тажен поради тоа. Во Барселона поминав четири среќни години, но овој клуб заслужува многу подобро. Таму имам многу пријатели и затоа се надевам дека Барса ќе се врати и повторно ќе стане конкурентна“, изјави Нејмар, пренесуваат француските медиуми.
Бразилецот ова лето премина во ПСЖ за рекордни 220 милиони евра, и покрај тоа што минатата година го продолжи договорот со Барселона.